Комбинации на храна што можат да бидат опасни за вас
Речиси секој си прави комбинации со храната без многу размислување. А денес, кога времето може да претставува и луксуз, повеќето јадат она што ќе им се најде при рака. Но понекогаш, некои комбинации на храна можат да ви предизвикаат вистински проблем. На пример, иако комбинацијата хамбургер и помфрит е една од најпопуларните, изгледа дека и не е баш добра за вас. Проблемот е што и хамбургерот и помфритот се полни со транс масти, па после овој оброк ќе се чувствувате преморено. Покрај тоа, постои опасност да се покачи вашиот холестерол. Погледнете кои комбинации на храна се опасни и е најдобро да ги избегнувате.