Емотивна средба на Рафаел Надал и негова обожавателка



За време на турнирот Rolex Paris Masters, една обожавателка на Рафаел Надал имаше можност да го запознае својот идол. А, средбата нема да ве остави рамнодушни. Пред да се запознае со тенисерот, на жената ѝ кажале дека ќе има можност да го сретне, по што таа се расплакала од среќа. Надал се ракува со неа ѝ ја праша како ѝ е здравствената состојба, по што обожавателката остана без зборови. Таа му кажа дека го сака и дека е навистина силен, а го замоли и да победи на турнирот. Надал ѝ рече дека ќе го даде најдоброто од себе, а обожавателката му кажа дека секогаш ќе го поддржува. Целата средба можете да ја погледнете на видеото.

The HWD Facebook commenting plugin is not published