Бизарни здравствени трендови што ги започнаа славните
Изгледа дека денес, повеќе од кога било, луѓето се грижат за своето здравје. Се хранат здраво, вежбаат, медитираат и пробуваат сè, надевајќи се дека тоа ќе им ја подобри здравствената состојба. Но помеѓу сите здравствени трендови, нормално е одвреме-навреме да се појави нешто бизарно. Бидејќи славните имаат големо влијание врз нас, навистина им е лесно да започнат некој тренд, без разлика колку чудно изгледа. Па така, Кендал Џенер ја прослави идејата за примање систем со витамини. Можеби додатоците со исхрана постојат долго време, но сигурно не сте ни помислиле да ги примате преку систем. Актерката Шејлин Вудли, пак, го прослави трендот на јадење глина за подобро здравје. Погледнете некои од најбизарните здравствени трендови што ги започнаа славните.