Кајли Џенер го рекреира познатиот бакнеж на Мадона и Бритни Спирс



Кајли Џенер и нејзината најдобра пријателка Стејси, го рекреираа дуетот на Мадона и Бритни Спирс од 2003-та година.

Ако не се сеќавате, на доделувањето на MTV VMA во 2003-та година, Бритни и Мадона имаа заеднички настап, кој кулминира со бакнеж.

За Ноќта на вештерките, Кајли избра да биде Мадона, а Стејси е облечена како Бритни Спирс. 22-годишната Кајли носи црн тесен комбинезон, а косата и е собрана во ниска пунџа. Стејси, пак, носи бел корсет и бели панталони. Кајли го сподели ова видео на кое двете пријателки танцуваат, а потоа споделуваат и бакнеж, исто како на настапот од 2003-та година.

The HWD Facebook commenting plugin is not published