Чудни факти за бракот на Џенифер Лоренс
Навистина знаеме многу малку за романтичните врски на Џенифер Лоренс, но тоа не значи дека не нè интересираат. Јавноста знаеше само дека Џенифер е во врска со Кук Маруни, но после брзата веридба, парот тајно се венча на 19-ти октомври годинава. Според некои извори, парот го кажал судбоносното да пред околу 150 гости, помеѓу кои биле познати личности како Крис Џенер, Адел, Ема Стоун, Камерон Диаз… Она што е интересно е што церемонијата се одржала на Род Ајленд, и тоа на наводно опседнат имот. Друга мистерија е венчаницата на Џенифер, но и речиси сè за нејзината врска со Кук. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе, погледнете го видеото.