Добри актери чија кариера е „проколната“



За да станете холивудски актер, навистина ви е потребен талент. Но, неретко ќе ви биде потребна и среќа. За жал, овие актери можеби имаат талент, но изгледа како никогаш да не ги следи среќа. Ансел Елгорт е еден од нив. Младиот актер со задоволство прифати да се појави во франшизата Divergent. Сепак, во тој период, филмовите од овој жанр беа вистински хит. Но, токму со појавувањето на франшизата, фановите одлучија дека повеќе не сакаат вакви филмови, па последниот филм беше откажан. А, ова е само една од несреќите што ја следат кариерата на Ансел. Адриен Броди е уште еден одличен актер со „проколната“ кариера. Откако доби Оскар за улогата во The Pianist, изгледа како актерот да не може да направи ниту еден филм што ќе се пласира добро. Па, изгледа дека во Холивуд покрај талент, дефинитивно потребна ви е и среќа, а актерите во видеото го докажуваат тоа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published