Најсилните деца во светот кои отишле предалеку
Денес, поголемиот дел од младите не се доволно физички активни, најверојатно поради развојот на технологијата. Но, некои деца не само што му се посветиле на спортувањето, туку успеале навистина да станат најсилни. Проблемот е што дел од нив отишле предалеку за оваа цел. Можеби досега сте слушнале за Ричард Сендрек. Ова момче беше прогласено за најсилното дете во светот, на само 11-годишна возраст. Поради неговата сила, јавноста почна да го нарекува и малиот Херкул. Уште на само 6-годишна возраст, Ричард имаше мускули за кои би му завиделе голем број мажи, но поради ова, тој не смеел да јаде никаква нездрава храна, ниту пак имал време да си игра со неговите пријатели. Ејприл Еткинс, пак, во 1954-та година била прогласена за најсилниот седмоодделенец и можела без проблем да крене возрасен маж. Погледнете кои се најсилните деца во светот, кои сепак отишле предалеку.