Најлудите интервјуа на Кање Вест кои покажуваат колку е чуден
Кање Вест е рапер кој се има закитено со многу награди, а денес е и модна икона. Кање е и сопруг на Ким Кардашијан, но можеби најпознат е по неговото таканаречено „слободно размислување“. Кање се има однесувано навистина чудно на неговите интервјуа, па фановите често се прашуваат каква личност е всушност тој. Во интервју од 2013-та година, Кање прозбори за неговите обиди да успее во светот на модата и се пожали дека немал доволно слобода. Проблемот настана кога неговите фрустрации почна да ги „истура“ на водителот што го водеше интервјуто. Кање подоцна се извини, но половина интервју беше со викање. Ова е само еден од многуте „испади“ на Кање, кои дефинитивно докажуваат дека познатиот рапер е малку чудна личност.