Трикови за чистење што секој треба да ги знае



Никој не сака цел ден да помине во чистење, а најверојатно ниту вие. Па, сигурно сакате да дознаете некој трик што ќе го направи чистењето многу подобро, па дури и позабавно. Ова видео го нуди токму тоа. Знаевте ли дека полесно ќе ги исчистите вазните и високите чаши ако го пресечете сунѓерот на половина? Пастата за заби, пак, можете да ја користите и за чистење. За загорената тава ќе ви помогне раствор од оцет и жешка вода, или обична кујнска сол, а можете да ја исчистите микробрановата печка само со лушпа од мандарина. Погледнете ги овие одлични трикови за чистење, што многу ќе ви се најдат.

The HWD Facebook commenting plugin is not published