Колку чини обезбедувањето на Доналд Трамп?
Без разлика што мислите за претседателот на САД, факт е дека животот на Трамп чини многу. Знаевте ли дека тој има потрошено повеќе пари за обезбедување од кој било претходен претседател на САД? Најверојатно никогаш нема да дознаеме која е точната сума што САД ја троши за обезбедувањето на Трамп, но некои извештаи ни даваат приближна бројка. Првиот извештај се појави во јавноста во мај 2017-та година. Овој период поминаа првите 100 денови од претседателскиот мандат на Трамп. За само неколку месеци, сметката за обезбедување на Трамп веќе била повисока од 30 милиони долари. Па, можете само да замислите колку пари се потрошени досега за неговото обезбедување.