Проблеми што му се познати на секој што работи во канцеларија
Се сеќавате ли што носевте на првиот работен ден? Најверојатно сте одбрале некои од вашите најдобри парчиња облека. А, како одите на работа сега? Сигурно одвреме-навреме си дозволувате да се појавите во канцеларија со поопуштен изглед. Дали мразите кога лифтот ќе ви се затвори „пред нос“, или кога колегите ќе ви ги земат сите пенкала? Сето ова се проблеми што им се добро познати на речиси сите кои работат во канцеларија, а штом ќе го изгледате видеото, најверојатно и вие ќе се пронајдете во нешто.