Kако изгледаа подготовките за венчаницата на Хејли Бибер?



Хајли и Џастин Бибер се венчаа во Њујорк пред речиси една година. Но, пред некоја недела, парот направи уште една венчавка, во Јужна Каролина. За оваа прослава, Хејли Бибер одбра елегантна венчаница, дизајнирана од Вирџил Аблох за Off-White. Парот некое време нè држеше во неизвесност со фотографии од прославата, но сега покрај фотографиите, имате можност да видите и како се одвивале подготовките за венчаницата на Хејли. Во видеото направено од Vogue, дизајнерот зборува за тоа како го правел фустанот, што сакал да постигне и од каде црпел инспирација. На крајот од видеото се појавува и Хејли во венчаницата, за која мора да признаете дека изгледа навистина волшебно.

The HWD Facebook commenting plugin is not published