Маж 2 години ја држел ќерка му заробена бидејќи не сакала да се венча



62-годишниот Мухамед од Нигерија бил уапсен, бидејќи 2 години ја држел во заробеништво неговата 16-годишна ќерка. Наводно, тинејџерката не сакала да прифати брак со маж што го нашол татко ѝ. Изворот што им ја дал информацијата на медиумите изјавил дека целото село се плашело од Мухамед. Според локалните жители, тој ретко ѝ давал храна на ќерка си и таа морала да спие и да оди во тоалет на едно место.

За среќа, девојчето е спасено и хоспитализирано. Сепак, ова не било прв пат Мухамед да го казнува своето семејство. Еден од неговите синови успеал да избега и изјавил дека еден од неговите браќа умрел од глад во заробеништво. Мајката на децата починала пред 2 години, а Мухамед живеел со нивната маќеа. Властите изјавиле дека случајот на Мухамед веќе се истражува.

The HWD Facebook commenting plugin is not published