Најчудните и најскапите работи што ги купиле познатите рапери
Раперите се познати по тоа што сакат да се расфрлаат со нивните пари. Без разлика дали ќе купат скап автомобил или ќе потрошат многу во дискотека, изгледа како секогаш да наоѓаат начин да се пофалат со нивното богатство. Но, понекогаш и тие купуваат работи за кои нема да ви се верува. Знаевте ли дека Кање Вест троши 140.000 долари годишно за цвеќиња, за неговата сопруга Ким? Покрај тоа, тој троши дури 500 долари дневно за на фризер. Дрејк, пак, ја купил куќата на неговите соседи за 2 милиони долари, бидејќи тие се жалеле дека правел врева. Погледнете кои се најскапите, но и најчудните работи што ги купиле раперите.