Режисерот на Joker ја објаснува почетната сцена од филмот
Моментално, Joker е најзборуваниот филм, а има и причина за тоа. Филмот ги надмина сите очекувања, а Жоакин одлично си ја заврши работата во улогата на најпознатиот негативец од DC.
Режисер на филмот е Тод Филипс, кој решил да им ја објасни почетната сцена на фановите. Во видеото, тој објаснува за неопходноста на тензијата во филмот и како таа ги диктирала постапките на главниот лик. Со одличен избор на локации, костими, шминка, но и добра приказна, Тод успеа да создаде еден навистина застрашувачки свет.