Грешки што сигурно ги правите додека се мерите



Сигурно се чувствувате обесхрабрено кога ќе застанете на вагата и ќе сфатите дека и покрај сиот труд, не сте ослабиле ни килограм. А, сигурно се чувствувате уште полошо ако ќе забележите дека бројот на килограми се зголемил. Но знаевте ли дека можете да направите грешка дури и при мерењето, па да не добиете точни резултати? На пример, дигиталните ваги неретко покажуваат поголем број килограми, кога времето е студено или воздухот влажен. Ако се мерите во понеделник, пак, дефинитивно ќе бидете разочарани. Причината е што за викенд, сите сакаат да се опуштат и ретко кога внимаваат на исхраната. Па, за да го избегнете разочарувањето при следното мерење, избегнувајте ги и овие грешки.

The HWD Facebook commenting plugin is not published