„Светулка божја“ од Тања Кочовска - Нова песна посветена на Тоше
„Светулка божја“ е најновото дело на композиторот Роберто Панчевски. Песната е изведена од Тања Кочовска и е посветена на еден од најдобрите македонски изведувачи - Тоше Проески. Текстот е напишан од професор Миодраг Врчаковски, а аранжманот е на Кире Костов. Ова е балада со прекрасен текст, а тимот зад неа му оддаде чест на Тоше на најдобриот можен начин. Уживајте!