Раскошниот живот на богатите деца од Техеран
Можеби веќе сте налетале на Instagram профилот Rich Kids of Tehran. Оние кои стојат зад овој профил, тврдат дека сакаат да ни ја покажат другата страна на Иран и да им стават крај на недоразбирањата што постојат за нивната држава. Сепак, веројатно не сите би се согласиле со нив. Помеѓу богатите деца од Техеран се Саша и Саман, кои наводно биле толку богати, што морале да си измислат збор што ќе ги опишува - aghazadeh. Дел од богатите деца е и моделот Анашид Хосеини, која се обидела да објасни зошто ѝ се потребни сите скапи предмети. Но, не сите го сфаќаат нејзиното објаснување. Од луксузни одмори и брендирана облека, па сè до спортски автомобили и приватни авиони, еве како изгледа раскошниот живот на богатите деца од Техеран.