10 милијардери кои немаат завршено ни средно
Денес кај нас средното училиште е задолжително, но не било отсекогаш вака. Луѓето секојдневно се отпишуваат од факултет и успеваат да се снајдат во светот, но кога ќе слушнете дека некој не завршил ни средно, сигурно веднаш му предвидувате неуспех. Сепак, некои луѓе воопшто не успеале да завршат средно, но со текот на времето ги надминале сите нивни врсници и станале милијардери. Еден од нив е и Волт Дизни. Дизни, личноста кој направи вистинска револуција во анимираните филмови, се отпишал од средно на 16 години и сакал да оди во војска. Бидејќи бил премногу млад, си направил лажен извод и се пријавил во Црвен крст. И познатиот Хенри Форд се отпишал од средно, но навистина ја сакал механиката. А, токму оваа љубов му помогнала да ја основа компанијата Ford и да стане еден од најбогатите луѓе на светот. Овие луѓе навистина докажуваат дека што и да посакате, можете да направите.