Ново од Next Time - Одлична преработка на „Јовка Кумановка“



По повод 500 години од постоењето на Куманово, познатото дуо ја преработи македонската песна „Јовка Кумановка“. Преработката доби и свој видео запис, а официјално беше претставена на Денот на македонското востание, 11-ти октомври. Режисер на спотот е Огнен Шапковски, а аранжманот на песната е на Никола Мицевски. Next Time веќе имаат преработено неколку македонски песни, вклучувајќи ги „Нешто ќе те питам бабо“, „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.

The HWD Facebook commenting plugin is not published