20 работи на кои Ријана сака да ги троши своите милиони
Сите се вљубивме во Ријана кога го имаше своето деби на 16-годишна возраст, со хитот Pon de Replay, а денес, таа е глобален феномен. Ријана е најбогатата пејачка во светот и „тежи“ неверојатни 600 милиони долари. Па, сигурно се прашувате на што сака да ги троши своите пари. Иако е познато дека пејачката сака да троши на облека и патувања, изгледа дека приоритет ѝ се нејзините сакани. Покрај тоа, таа редовно донира, па дури беше прогласена и за хуманитарец на годината од Харвард, во 2017-та година. Кога станува збор за облека, Ријана троши и до 10.000 долари за модна комбинација. Нејзините чанти, пак, имаат цена и до 35.000 долари. Погледнете ги 20-те работи на кои Ријана сака да ги троши своите милиони.