Патување до крајот на универзумот: Што ќе се случи трилиони години во иднината?



Сте се запрашале ли што ќе се случи со нас во наредните 100 години? А, што ќе се случува 1.000 години во иднината? Знаете ли каков ќе биде крајот на универзумот? За жал, ова се прашања на кои најверојатно нема да го добиеме одговорот. За само 100 години, луѓето најверојатно ќе почнат интензивно да патуваат во вселената. За 1.000 години, технологијата не само што ќе го промени нашиот начин на живот, туку и нашите тела. После 100.000 години, многу од денешните соѕвездија ќе бидат сосема поразлични, поради движењето на ѕвездите. За 7,9 милијарди години, пак, нашето сонце ќе се претвори во црвен џин и ќе ги проголта сите небесни тела во близина. Иако можеби не можеме да ја предвидиме иднината, некои теории и факти ни помагаат да создадеме некаква слика за неа. Па, погледнете го видеото кое ќе ве однесе до крајот на универзумот и времето.

The HWD Facebook commenting plugin is not published