Што всушност се случува кога користите телефон во авион?



Денес смартфоните се насекаде и е речиси невозможно да си го замислиме животот без нив. Можеби во 70-тите, мобилните телефони биле луксуз што си го дозволуваат само богатите, но денес ретко кога ќе најдете личност без оваа направа. Смартфоните ги носиме и користиме насекаде - на работа, на училиште, во ресторан, па дури и во тоалет. Но, постои едно место каде што употребата на смартфон е забранета - во авион. Дали некогаш сте се запрашале која е причината за оваа забрана и што всушност се случува ако го вклучите телефонот за време на лет? Ако одговорот е „Не“, погледнете го видеото и дознајте.

The HWD Facebook commenting plugin is not published