17 погрешни навики што ни останале од детството
Дали имате навика наутро да вадите месо од замрзнувачот, за вечерта да можете да го приготвите? Дали се туширате со многу жешка вода и се обидувате да се воздржите од кивање? Неретко, луѓето не ни помислуваат на овие нешта и ги прават секојдневно, најмногу бидејќи ова се навики стекнати уште во детството. Но, изгледа дека она што сме го научиле од родителите и она на коешто сме навикнати, не секогаш е и правилно. На пример, ако цел ден оставите месо на собна температура, на него сигурно ќе се размножат илјадници бактерии. Погледнете кои се навиките од вашето детство, кои можеби е време да ги промените.