Погледнете го првиот хорор филм од 1896-та година



Le Manoir du Diable е француски краткометражен филм од 1896-та година. Во САД, филмот бил издаден со насловот The Haunted Castle (Опседнатиот замок), a во Велика Британија со насловот The Devil’s Castle (Замокот на ѓаволот). Ова е црно-бел филм и ја раскажува приказната за средбите на ѓаволот со неколку фантоми. Филмот бил направен со цел да предизвика возбуда и чудење кај публиката, а не страв, како модерните хорор филмови. Сепак, поради темата и ликовите, Le Manoir du Diable се смета за првиот хорор филм во светот. Филмот е режиран од Жорж Мелие и трае 3 минути - нешто што било навистина амбициозно во периодот кога бил издаден. Се смета дека ова е и првиот филм со вампири, бидејќи има сцена каде што лилјак се претвора во човек, односно вампир. За денешни услови, филмот можеби има лош квалитет, но ќе ве натера да сфатите колку далеку стигнала кинематографијата. Уживајте!

The HWD Facebook commenting plugin is not published