Како аеродромите ве тераат да трошите повеќе пари?



Можеби сте возбудени за вашето следно патување, но пред да тргнете, добро би било да ги знаете триковите со кои аеродромите ве тераат да трошите повеќе пари. Доколку патувате со ограничен буџет, сигурно не сакате да ги истрошите парите уште на аеродром, па бидете внимателни. На пример, добро познато е дека паркингот на аеродромите чини цело богатство. Затоа, најдобро е да се паркирате на друго место или да најдете друг превоз дотаму. Исто познато е и дека авиокомпаниите препорачуваат да одите на аеродромот неколку часа пред летот. Во овој случај, ќе имате многу слободно време на аеродромот, па најверојатно ќе го поминете во тамошните кафетерии, продавници и ресторани, трошејќи пари. Погледнете како аеродромите ве тераат да трошите повеќе пари, но и како да го избегнете тоа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published