Кратка тура низ луксузната бања на Никол Шерцингер
Никол Шерцингер се прослави со групата Pussycat Dolls, а потоа се обиде да изгради и соло кариера. Пејачката решила на своите фанови да им дозволи да ѕирнат во нејзиниот луксузен тоалет, кој мора да признаете, изгледа поубаво од домовите на повеќето од нас. Во видеото Никол споделува и кои се нејзините омилени продукти за нега на кожа, какви четки за шминкање користи и кој парфем ѝ е омилен. Целата бања е направена од мермер, а нејзината када има неверојатен поглед кон Лос Анџелес, на кој секој би му се восхитувал. Уживајте во оваа кратка тура.