Даниел Кајмакоски во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“



Нашиот пејач, Даниел Кајмакоски не само што учествуваше во „Твоето лице звучи познато“, туку и победи во третата сезона. Претходниот пат Даниел ги воодушеви сите со неговата имитација на групата Rammstein, а дефинитивно не разочара и сега. Оваа сезона тој повторно се качи на сцената, а овојпат го видовме како Хју Џекмен од The Greatest Showman. Кајмакоски смета дека ова е навистина тешка улога што ќе бара многу подготовки, а според настапот и реакциите на жирито, завршил одлична работа. Погледнете го неговиот настап.

The HWD Facebook commenting plugin is not published