Како Бијонсе и Џеј Зи ги трошат нивните пари?
Персонализирани автомобили, историски домови, па дури и вештачки трепки од природни влакна… Кога сте најмоќниот пар во музичката индустрија, навистина можете да имате сè што сакате. Бијонсе и Џеј Зи се еден од најпознатите парови, а нивното богатство е навистина големо, па не е ни чудно што даваат илјадници долари за најчудните нешта. На пример, тие сметаат дека нивната ќерка го заслужува најдоброто, па неретко ја разгалуваат со скапи подароци, како Barbie кукла со скапоцени камења која чини дури 80.000 долари. Кога малата Блу Ајви се појави на доделувањето на VMA со нејзината мајка, таа носеше фустан од неверојатни 10.950 долари. Погледнете како Бијонсе и Џеј Зи ги трошат нивните милиони.