Што прави денес Мистер Бин?



Едно од најпознатите шоуа од 90-тите е без сомнение, Мистер Бин. Овој лик е толку чуден, што не можете да престанете да гледате како завршува во најневеројатните ситуации. Но, знаевте ли дека Мистер Бин е лик смислен од актерот што го глуми - Роуан Аткинсон. Комичарот изјавил дека го смислил ликот додека студирал на Оксфорд - долго пред да почне да глуми. А, не треба да ви кажуваме колку се прослави после емитувањето на Мистер Бин. Но оттогаш имаат поминато речиси три децении, па сигурно се прашувате што прави Мистер Бин денес. На ова видео ќе дознаете некои од најинтересните факти за реалниот живот на Мистер Бин, пред и после познатото шоу.

The HWD Facebook commenting plugin is not published