Најскапите нешта што им биле купени на децата од семејството Кардашијан
Доколку го следите животот на семејството Кардашијан, тогаш сигурно знаете дека навистина сакаат да трошат на себе. А само затоа што некои членови од семејството се мали, не значи дека не ги добиваат најубавите работи што можат да се купат со пари. На пример, Норт Вест за роденден добива накит од Tiffany & Co. Малата Сторми, пак, изгледа ја дели љубовта за скапи автомобили со мајка ѝ и татко ѝ, па си има свој мини автомобил, кој вреди илјадници долари. Без разлика дали мислите дека ова е премногу или дека го заслужуваат, факт е дека децата од ова семејство навистина ги имаат најдобрите работи.