Видео за сите жени: Менопаузата во две минути
Забавен метаболизам, променливо расположение, потење во текот на ноќта… Секоја жена што е во менопауза е добро запозната со овие непријатни симптоми. Менопаузата е дел од животот на секоја жена и најчесто започнува околу 40-тата година. Овој период може да претставува вистински предизвик за жените, најмногу поради бројните симптоми што доаѓаат со него. Секоја жена би требало да знае нешто повеќе за нејзиниот репродуктивен систем, вклучувајќи ја и менопаузата, а ова видео ги опфаќа најважните работи, во само две минути.