Нова димензија во македонската музика – Eye Cue ја преработија „Јано Мори“
По настапот на Евровизија во 2018-та, Eye Cue се фокусираа на музички настапи низ Европа и Австралија, а во изминатиот период Марија и Бојан активно работеа на нови проекти и соработки во Лондон. За новата песна тие решиле да го спојат модерниот и современ звук со традиционалното, па направија одлична преработка на македонската „Јано Мори“. Слушнете ја нивната изведба.