Жена упадна на ревијата на Chanel, а Џиџи Хадид ја „избрка“
За време на ревијата на Chanel на модната недела во Париз, една жена се качи на пистата помеѓу моделите. Сепак, нејзиниот момент траел кратко - на видеото се гледа како Џиџи Хадид се обидува и успева да ја тргне од пистата. Жената е идентификувана како комичарката позната како Marie S’Infiltre. Таа носи костим кој, мора да признаете, одлично се вклопува со моделите од ревијата. Наводно, ова не било ѝ било прв пат да упадне на модна ревија - претходно го направила тоа на ревијата на брендот Etam и го споделила видеото на нејзиниот YouTube канал.