10 рекорди кои биле поставени сосема случајно
Обично кога некој ќе науми да постави некаков рекорд, работи навистина напорно за да ја постигне таа цел. Луѓето кои соборуваат рекорди вежбаат и тренираат со години, пред да се обидат да соборат некој рекорд. Но, некои луѓе успеваат да влезат во Гинисовата книга на рекорди без воопшто да се обидуваат. Знаевте ли дека Кристијано Роналдо го држи рекордот за највисок скок во фудбалски натпревар? Како и сите луѓе на листава, ни тој не се обидувал да го направи тоа. Погледнете ги 10-те рекорди кои се поставени сосема случајно.