Лејди Гага изненади фан со мејкап туторијал
Брендон е 19-годишен студент по козметологија и огромен фан на Лејди Гага. Тој мислел дека ќе ја запознае Сара Тано и дека ќе има ексклузивна можност да ги проба продуктите од новиот бренд на Лејди Гага, Haus Laboratories. На почетокот од видеото, Брендон воопшто не е свесен дека во студиото се наоѓа и Лејди Гага. После емотивната средба со неговиот идол, Брендон добива и неколку совети за шминкање од неа. Подгответе се за плачење и погледнете како изгледала целата средба.