6-годишниот Ибрахим од Русија освои стан за семејството со направени 4.445 склекови
6-годишно момче од Русија, Ибрахим Лианов, освои бесплатен стан за неговото семејство, откако направи 3.720 склекови за 2 часа.
Момчето ги надмина очекувањата и влезе во Руската книга на рекорди, со оглед на тоа што на натпреварот постави нов рекорд за најмногу склекови во еден непрекинат обид – вкупно успеал да направи 4.445 склекови.
Ибрахим вежбал секој ден заедно со неговиот татко за да може да победи во натпреварот, а сега уште оди 2 пати неделно на тренинг.