„На сцена тој нема хендикеп“ – Настапот на слепо и аутистично момче го расплака светот
Коди Ли е слепо момче со аутизам, но ништо од тоа не го спречи да заблеска на сцената на America's Got Talent 2019 и да им ги наполни очите со солзи на членовите од жирито и луѓето ширум светот.
22-годишното момче ја свиреше и пееше A Song For You и со неговата изведба ги воодушеви сите во жирито, па заслужено го доби златното копче.
Неговата мајка која го придружуваше на сцената е прегорда на него и вели дека кога е на сцена тој нема никаков хендикеп. Одвојте неколку минути и изгледајте го видеото кое нема да ве остави рамнодушни и со сигурност ќе ве наежи.