Како Ким Кардашијан „влезе“ во фустанот во кој 4 часа стоеше и не одеше во тоалет?
Ким Кардашијан со помош на впечатливиот фустан од дизајнерот Тери Муглер беше во центарот на внимание на Мет Гала. Многумина го пофалија нејзиниот изглед, но навистина не ѝ беше лесно да го износи претесниот коресет.
Таа едвај го облече, а потоа за време на настанот 4 часа стоеше и не одеше во тоалет. Ријалити ѕвездата можеше да одмори само во полу-седечка позиција.