Васил Гарванлиев со ново музичко патување - рај за сите сетила



Дом. Патување. Љубов, е насловот на вториот музички проект на Васил Гарванлиев, еден од нашите најмоќни машки вокали. Снимен во домот на културата во Струмица, проектот содржи седум македонски евергрини изведено во живо, заедно со талентираниот гитарист Горан Алич.

„Отсекогаш имав голема желба да ги препеам овие прекрасни песни. Ова е едно прекрасно музичко патување исполнето со многу љубов, но и носталгија. Се уште ме држи таа прекрасна емоција од концертот”, вели Васил. 

Ова е инаку втор успешен музички проект на Васил снимен во Македонија по видео записот „Ѓердан” објавен во септември минатата година.

The HWD Facebook commenting plugin is not published