„Пресуда“, новиот сингл на Калиопи: „Понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави“



Песната пресуда е комплетно авторско дело на нејзиниот композитор, текстописец и продуцент Ромео Грилл.

Калиопи:  „Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна...А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби по некој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овојпат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам ПРЕСУДА во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград.”

Песната е премиерно емитувана на официјалниот You Tube канал и нејзините друштвени мрежи, а ја прати видео спот за чија реализација беше задолжена екипата на НН Медиа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published