Момче со повреда на ‘рбетот му се фали на своето куче: „Гледај Меги одам!“
Роман Динкел е роден со состојбата Spina Bifida и 'рбетот не му е добро развиен, но и покрај тоа има заразен ентузијазам за животот. Тој неодамна проодел со патерици и неговите родители го снимиле како му се фали на свое кученце: „Гледај Меги одам“. Видеото од прекрасното момче стана вирално.