„Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.com, се занимава со изработка на перики од природно влакно. Мојата коса е густа и здрава, па решив да ја искористам за да донесам радост на некој кој на било кој начин ја изгубил“ - ни раскажа Елена од Струмица, која кратко откако нè контактираше ни испрати фотки од косата која ја донирала.