Шевченко во Реал Мадрид ?

sevcenko-vo-real-povekjeРеал Мадрид пројавува сериозен интерес кон Андреј Шевченко откако по повредата на Руд Ван Нистелрој се во сериозна потрага по напаѓач. Украинецот...

 

...е добра варијанта бидејќи може да учествува и во Лигата на шампионите, a натпреварите со Милан во Купот на УЕФА не претставуваат sevcenko-real2никаква пречка.

Кај "росоњерите" украинецот исто така ретко влегува во игра, што може да го натера да ја прифати евентуалната понуда од Мадрид. А и очекуваното доаѓање на Дејвид Бекам во јануари во клубот, иако на позајмица, може да го форсира напуштањето на Шева.

Весникот „Марка“ во најновиот број донесува текст во кој се вели дека Адријано Галијани и Предраг Мијатовиќ се добри пријатели и би можел да му го понуди Шевченко, кој и онака не е во плановите на Анчелоти. Украинецот не се наоѓа во добра форма, но реално и не добива многу шанса да се докаже.

Шпанските новинари сметаат дека Шевченко и не би бил лоша инвестиција за играч до крајот на сезоната, ако се знае дека во тимот се очекува да се вратат уште неколкумина повредени. Останува да се почекаат разговорите на двете страни.

Би можело да ве интересира:

Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканс...
Жртви во име на професијата – Како изгледаат стапалата на Леброн Џејмс и Шекил О'Нил од долгогодишна... Секоја професија си има своја тежина, а во спортот освен што постои опасност од ...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg