Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал на Евровизија 2024?

Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, а денес изведува мрачни перформанси на евровизиската сцена, од кои на многумина им се смрзнува крвта – Што знаеме за Иркинката Бамби Таг?

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-01.jpg

Иркинката Бамби Таг успеа да се пласира во финалето на Евровизија 2024, а нејзиниот настап во кој изведуваше сатанистички ритуали ја разбранува европската јавност.

Додека едни се импресионирани од нејзиниот настап, други бараат дисквалификација и отстранување на нејзиниот демонски перформанс.

Бамби пред настапот на првата полуфинална вечер се соочи со непријатности кога од неа беше побарано од лицето да отстрани натпис, со кој сакаше да упати порака.

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-02.jpg

Со оглед на тоа што од натпреварувачите било побарано да се воздржат од политички пораки за време на настапите, Бамби нашла начин во нејзината костимографија да внесе натпис на антички галски јазик: „Слобода за Палестина“ и „Прекин на огнот“.

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-07.jpg

Организаторите брзо го увиделе натписот и побарале од неа да го отстрани.

Самата појасни дека подоцна одлучиле натписот да го променат во „Крунисајте ја вештерката“ (Crown the Witch).

Но, роговите, демонската костимографија, танцот, како и електро-поп нумерата беа премногу за некои гледачи.

Што знаеме за Иркинката која успеа да ја разбранува јавноста со настапот и со нејзината песна Doomsday Blue?

Бамби Таг е родена како Бамби Реј Робинсон во 1993-та година, од татко Швеѓанец и мајка Иркинка и пораснала во малото гратче Макрум во Ирска.

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-04.jpg

Бамби има 3 сестри, а била дијагностицирана со АДХД – Дефицит на внимание и хиперактивност. Во своето слободно време често знаела да работи како принцеза маскота на забави за деца со посебни потреби.

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-08.jpg

Како мала сонувала да стане балерина, па добила стипендија за да студира во Лондон. Но, по повреда на раката, морала да се откаже од балетот и се префрлила да студира музички театар. По завршувањето на студиите целосно се посветила на настапите и на музиката.

gi-prekrshi-pravilata-na-nastapot-strada-od-adhd-koja-e-irkinkata-shto-izvede-satanistichki-ritual-na-evrovizija-2024-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg