Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-04.jpg

Каратистите на „Макпетрол“ ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-02.jpg

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти. Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација  (WKF).

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-01.jpg

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1-2.

tri-medali-za-karatistite-na-makpetrol-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-ljubljanaa-03.jpg

Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. На Балканското првенство настапија рекорден број од 1007 каратисти со 1078 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Би можело да ве интересира:

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...
Каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин н...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg