Море + Сонце = Здравје

more-sonce-uzivanje-zdravje-povekjeОсвен морските специјалитети, пливањето и трчањето по песок, морето е лековито и ако само седите на брегот и гледате во брановите. Што е толку добро...


... во морската вода и воздух? Ако дневно поминувате 15 до 30 минути дури и во зима покрај море, можете значително да го подобрите своето здравје.

Еве зошто:

more-sonce-uzivanje-zdravje

1. Морскиот воздух. Специфичниот мирис на морето го произведува гасот диметил сулфид. Ако се надишете морски воздух, секогаш ќе спиете подобро, затоа што е богат со негативни јони на водородот, заради кои полесно го апсорбираме кислородот (ова е посебно добро за оние кои имаат проблеми со дишењето). Негативните јони е борат против слободните радикали и го врамнотежуваат нивото на серотонин – хормонот на среќата.

2. Морска вода. Морската вода ги намалува некои од кожните болести како дерматитис. Морската вода помага при повлекување на егземите заради антисептичките состојки. Сепак, мора да внимавате и на сушењето на кожата, редовно да се туширате и да нанесувате хидратантни креми. Морската вода делува како лек за синуси, алергии и настинка, и ги отвора дишните патишта.

3. Сончевата светлина. Сонцето ни помага да ја добиеме потребната количина на витамин Д кој делува повеќе како хормон кој го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, сонот и расположението.

Тоа е најдобар начин за превенција од остеопороза. Витаминот Д е корисен при превенција на сончеви болести, рак на градите и простатата, го зајакнува имунитетот и го забавува стареењето.

Сепак, треба сончањето да биде умерено и да внимавате да не изгорите.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Коксаки вирус: Како да го препознаете, како се пренесува и како да се заштитите? Коксаки вирусот спаѓа во групата на ентеровируси, а во повеќето случаи тој ќе пр...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко... „Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg