Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем?

Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулирање на хормоните, што има влијание и врз менструалните циклуси. Па, стресот може да предизвика промени во менструацијата, како пообилно или послабо крвавење.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-01.jpg

Менструалниот циклус може значително да варира: пообилно крвавење, циклус кој доцни, појава на неколку дамки…

Познато како хипоменореја во медицинските термини, лесните менструации вклучуваат крвавење со послаб интензитет или пократко траење на крвавењето за време на менструалниот циклус.

Една жена обично крвави околу милилитри крв во текот на секоја менструација. Но, овој менструален тек може да варира бидејќи може да биде под влијание на бројни фактори – од хормонална нерамнотежа, до стрес.

Симптоми на послаб менструален циклус

Симптомите на слаб менструален циклус или наречено хипоменореа, може да вклучуваат:

  • Полесно крвавење од претходно
  • Крвавење помалку од два дена
  • Појава на дамки крв, наместо редовен циклус
  • Одложен циклус

Причини зошто би можеле да имате слабо менструално крвавење

Возраст

Кога девојчињата првпат добиваат менструација, нивните менструални циклуси може да бидат неправилни и на почетокот да се разликуваат.

Првично, нивните тела сè уште се приспособуваат на новите хормонални промени, што може да доведе до послабо крвавење.

Освен ова, жените кои се приближуваат до менопаузата, обично во нивните доцни 40-ти или раните 50-ти, тие често доживуваат хормонални флуктуации што може да предизвикуваат послаби менструални крвавења.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-02.jpg

Промена на телесната тежина

Зголемувањето и губењето на телесна тежина може да предизвика неправилен циклус. Зголемувањето на телесната тежина, односно дебелината, може да го зголеми ризикот од неколку менструални проблеми, вклучувајќи ран почеток на пубертет, менструални нарушувања…

Но, во овој случај некои жени може да се соочат и со пообилни крвавења, а тоа целосно зависи од тоа како телото реагира на хормоналните промени предизвикани од промената на тежината на телото.

Нарушувања во исхраната

Нарушувањата во исхраната, како анорексија и булимија, може да доведат до значително губење на тежината и ненахранетост, што го нарушува менструалниот циклус.

Гладувањето или екстремната диета може значително да ги намали телесните масти, што често резултира со слаби менструални крвавења.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-03.jpg

Бременост

За време на бременоста, месечното крвавење престанува, до породувањето. Сепак, во раните фази на бременоста, можно е лесно крвавење или мали дамки.

Ова обично се должи на имплантационо крвавење, кога оплодената јајце клетка се прицврстува на слузницата на матката и не е менструација.

Доење

Доењето може да доведе до отсуство на менструација. Сепак, некои жени може да забележат слабо крвавење или дамки крв, бидејќи лактацијата влијае на нивното на хормоните кои ја регулираат менструацијата.

Стрес

Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулирање на хормоните, кој може да ги наруши менструалните циклуси.

Ова нарушување може да предизвика полесни или неправилни менструални крвавења.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-04.jpg

Контрацептивни методи

Хормоналните методи за контрацепција (како што се апчиња, инјекции или спирала) може да доведат до послаби менструални крвавења.

Овие контрацептиви делуваат на тој начин што ја регулираат овулацијата и ја менуваат поставата на матката, што може да го намали менструалниот проток.

Прекумерно вежбање

Интензивниот физички тренинг може да ја промени хормоналната рамнотежа одговорна за менструалниот циклус. Тоа може да предизвика лесно крвавење, дури и кога немате менструација.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-05.jpg

Синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници е состојба која може да влијае на менструалните циклуси.

Иако почесто оваа состојба е поврзана со потешки или неправилни менструации, сепак, некои жени може да доживеат полесни менструации, во зависност од индивидуалните хормонални реакции.

Дисфункција на тироидната жлезда

И хипотироидизмот и хипертироидизмот може да доведат до неправилен менструален циклус.

Додека хипотироидизмот може да предизвика обилен менструален тек, хипертироидизмот може да предизвика послаби менструални крвавења.

slabo-menstrualno-krvavenje-koga-se-zabelezhuva-i-koi-se-najchestite-prichini-za-vakva-sostojba-06.jpg

Перименопауза

Периодот пред менопаузата, наречен перименопауза, вклучува хормонални промени што може да резултираат со полесни менструации.

Крвавењето целосно ќе престане кога жената ќе влезе во целосна менопауза.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Промени во менструалниот циклус кои можат да бидат знак за проблем (и не треба да ги игнорирате) Кај многу жени можат да се јават (непријатни) промени во менструалниот циклус ко...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg