Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја)

Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебниот спој на историја, од пејзажите што ни го одземаат здивот, од топлото гостопримство на локалците од рурални средини и традиционалните јадење од кои знаеме да се прејадеме... Кое ви е омилено село во Македонија?

vikend predlozi nenaseleni i podzaboraveni sela sto treba da gi posetis vo makedonija 6

Летните месеци се идеални за оние еднодневни или викенд патувања, без разлика дали е до најблиското село, до некое езеро или планина… Со добро друштво и многу сонце секое патување има потенцијал да се претвори во авантура.

Наместо сабота и недела да ги поминувате на вжарените улици, отворете мапа и препуштете се на ново искуство. Во продолжение следуваат неколку предлози на интересни села што може да ги вклопите во вашата агенда ова лето.

Љубојно е село со богата историја и традиција, кое се наоѓа на неколку километри од Преспанско Езеро. Таму ќе се сретнете со бројни куќи изградени од камен, кои осамено тонат во заборав.

Чист пример за тоа е училиштето „Димитар Влахов“ каде на 15 ноември 1945 година се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа.

Вие само препуштете се на она што има останато во селото и сета скриена убавина ќе ви се отвори пред очи.

vikend predlozi nenaseleni i podzaboraveni sela sto treba da gi posetis vo makedonija 2

Брајчино е село сместено во пазувите на планината Баба, а ако барате чист и свеж воздух, тука го имате во изобилство.

Освен тоа има пространа шума за истражување и ако се најдете таму немој да заборавите да позборувате со локалците. Кријат многу интересни приказни кои не доаѓаат до сечии уши.

vikend predlozi nenaseleni i podzaboraveni sela sto treba da gi posetis vo makedonija 3

Коњух e кратовското село, кое се протега на левата страна на Крива Река. До Коњух најлесно може да се стигне преку Кратово, но постои и втора опција, а тоа е преку селата Јачинце, Довезенце…

Селото скоро и да е напуштено, природата е убава. Посебно интересно е тоа што историчарите сметаат дека на ова подрачје се наоѓа локалитетот Градиште, кој бил дом на воени ветерани до римските и византиските војски.

vikend predlozi nenaseleni i podzaboraveni sela sto treba da gi posetis vo makedonija 1

Пенуш е вистински пример ако сакате да дознаеете што станува со селата кога ќе ги напушти и последниот жител.

Жално е, но селото Пенуш е напуштено повеќе од 60 години, иако во минатото имало многу жители со доминација на турското население. Токму во ова село се чувале и овците овчеполки, тоа било од една од главните карактеристики на селото.

Кога ќе се најдете таму сигурно ќе се чувствувате носталгично, зашто самите остатоци и распаднати куќи гласно зборуваат за минатото.

vikend predlozi nenaseleni i podzaboraveni sela sto treba da gi posetis vo makedonija 4

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg