5 Летни митови

5-letni-mitovi-povekjeЛетото пристигна. Иако времето се уште не ни дава да започнеме вистински да уживаме во топлите денови, факт е дека сите се подготвуваме за одмор.


Вистинско време е да расчистиме неколку митови врзани за летото.

1. Не влегувајте во море/езеро најмалку 30 минути после јадење. Вистина е дека после јадење повеќе крв од екстремитетите оди во системот за варење, но тоа има незначајно влијание кај рекреативните пливачи. Важно правило е да не пливате под дејство на алкохол.

5-letni-mitovi-1

2. Заштитна крема со фактор 30 штити два пати подобро од онаа со фактор 15. Заштитата од сонце не се зголемува право пропорционално со факторот на кремата. Ако се нанесе правилно, фактор 15 блокира и до 93% од УВБ зраците, а онаа со фактор 30 до 97% опасни УВБ зраци.

5-letni-mitovi-2

3. Ако ве фати невреме со грмотевици, легнете на земја. Ударот на молњата создава земјена електрична струја која може да ве удри додека лежите и 30 метри од местото на ударот. Најдобро е да се засолните во зграда или во затворен автомобил. Високите остри предмети и градби ги привлекуваат громовите.

4. Влегување и излегување во климатизирана просторија ќе ве разболи. Не баш. Наглите промени на температурата не се пријатни, но не се ни извор на болести. Настинката ја предизвикуваат вирусите кои се пренесуваат преку физички контакт, нечисти површини и бактерии во воздухот. Летната сезонска кивавица најчесто е резултат на алергиите.

5-letni-mitovi-3

5. Наочарите за сонце не штитат од сонце. УВ зраците предизвикуваат краткотрајно и долготрајно оштетување на видот. Евтините очила за сонце нема да ве заштитат. Колку и да ви се чини бесмислено фрлањето пари и вложување во квалитетни очила – вредат за сите пари.

Би можело да ве интересира:

Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
12 едноставни, но важни совети за среќен и исполнет живот Станете еден час порано - подобро да имате малку време за себе отколку панично д...
16 совети од Фројд кои ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста Коренот на анксиозноста според Фројд лежи во детството. Ви пренесуваме дел од со...
Четири карактерни особини кои мажите прво ги забележуваат кај жените Со искрена насмевка и љубезност ќе го освоите секој маж. Освен физичкиот изглед,...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg